Кошаркарите на ТФТ Скопје стигнаа до трета победа над Работнички (73-92) и се пласираа во финалето на Првата македонска лига. Избраниците на Боро Смилковски третпат во исто толку натпревари го надиграа градскиот ривал, првпат како гостин и без поголеми потешкотии си обезбедија серија во која ќе го предизвикаат МЗТ Скопје за трофејот. Уште од стартот ТФТ беше подобар на паркетот во салата „Македонско сонце“ и поведе со 5-11. Работнички парираше, ...
Екипата на ТФТ му се придружи на МЗТ Скопје во големото финале од плеј-офот за кошаркарски шампион на Македонија. Кошаркарите од скопско Тафталиџе со „метла“ и максимални 3-0 го елиминираа Работнички во полуфиналната серија и за првпат во својата историја ќе играат во финалето. После победите од 98-90 и 71-59 на домашен терен, победи и со уште поубедливи 73-92 на гостувањето кај Работнички и сега ќе го предизвика најтрофејниот кошаркарски клуб ...
Кошаркарите на ТФТ се вториот финалист во плеј-офот од домашното кошаркарско првенство. Во третиот меч од полуфиналната серија, ТФТ како гостин го прегази Работнички со 73:92 и дојде до третата победа која го носи во финалето. Домашните почнаа добро и успеаја да ја добијат првата четвртина со 27:25, но од овој период, па до крајот на мечот гледавме само еден тим на паркетот. Со фантастична втора четвртина ТФТ успеа да обезбеди предност од 10 ...