Тотенхем и Манчестер јунајтед ремизираа 2-2 во драматичното дерби во Лондон во 11. премиерлигашко коло по кое и двете екипи ќе имаат за што да жалат. „Црвените ѓаволи“ поведоа со 0-1 преку Мбеумо и делуваа во целосна контрола, но Тотенхем тргна на се или ништо во финишот, израмнувајќи преку Тел. Гостите имаа зицер преку Шешко што Словенецот не само што не го искористи, туку и притоа се повреди и мораше да го напушти теренот, оставајќи го ...

Фудбалерите на Тотенхем и Манчестер Јунајтед ремизираа 2:2 во Лондон, во рамките на 11-то коло од Премиер лигата. Јунајтед беше подобар во првото полувреме, поведе, но падна во вториот дел од натпреварот, Тотенхем ја презеде иницијативата и дојде до пресврт, на крајот во последните секунди Јунајтед сепак дојдоа до еден бод. Домашниот тим немаше ниту еден шут кон голот во првиот дел од играта, а Јунајтед ја искористи единствената вистинска ...