Скопје, 11 септември 2025 (МИА) - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска ќе го посети споменикот Македониум во Крушево за кој Владата одвои 2,5 милиони денари за интервентна заштита откако во дел од медиумите беше објавено дека споменикот пропаѓа. Проектот за интервента заштита на Македониумот, како што вчера беше најавено на прес-конференција во Владата, треба да биде реализиран до крајот на годинава, а Заводот и музеј Прилеп ...

Министерството за култура и туризам додели 2,5 милиони денари за привремената заштита од протекување во „Македониумот“. Паралелно ќе се работи на проектот за целосна реконструкција на споменикот. Ова го констатираа министерот за култура и туризам Зоран Љутков и надлежните од прилепскиот Завод и музеј при денешниот увид на состојбите во споменикот во Крушево. Денешниот дожд ја нагласи потребата од итната интервенција за да се запре, прво ...

БИТОЛА – Реакциите во јавноста се огромни за состојбите во кои е доведен грандиозниот споменик „Македониум“ во Крушево, кој е можеби најзначајниот белег на борбата за независност на Македонија. И денеска во внатрешноста од споменикот имаше насобрано вода, од сабајлешните врнежи од дожд, па фотографии од вирчињата со протечена вода на подот, на кои како на огледало се пресликуваат витражите, сподели и министерот за култура Зоран Љутков. Не ...