Светското ракометно првенство ќе биде одржано во јануари 2027 година, а и покрај тоа што од него не делат речиси 11 месеци веќе започнаа подготовките за ждрепката која ќе се одржи во месец јуни. 19 учесници се веќе познати, а остануваат уште 13 отворени места пред да се комплетира сликата за учесниците. ИХФ веќе направи распределба по рангови со која Македонија се најде во вториот шешир пред разигрувањето во кое ја очекуваме подобрата ...
Светската ракометна федерација (ИХФ) ги одреди шеширите за Светското првенство (СП) кое во 2027 година ќе се игра во Германија, а Македонија ако обезбеди пласман, ќе има добра позиција. Нашиот национален тим во баражот ќе игра со Словачка или Украина, а доколку ја мине пречката, ќе биде во вториот шешир. Веќе се познати другите учесници, со исклучок на две селекции кои ќе добијат „вајлд-карта“. Прв шешир: Данска, Германија, Хрватска, Исланд, ...

