Винициус Жуниор повторно се најде во центарот на расистички скандал. Бразилската ѕвезда постигна спектакуларен погодок за водство од 0-1 против Бенфика, но веднаш потоа доби провокација од противничкиот играч, Џанлука Престиани. Аргентинецот го стави дресот преку лицето и веројатно упати навредливи зборови за Винициус, кој дотрча до судијата Франсоа Летексие и бараше санкција. Целата клупа на Реал Мадрид втрча во теренот, а Винициус во еден ...

Винисиус Жуниор го одбележа стартот на второто полувреме на бараж натпреварот меѓу Бенфика и Реал Мадрид, најпрво поради тоа што постигна страшен гол, но и поради фактот што предизвика прекин на средбата. Бразилецот режираше ремек-дело за водство на Реал Мадрид во 50-та минута, но откако во продолжение доби и опомена поради провокативна прослава, следеше уште поголем проблем за судијата Франсоа Ле Тексие. Францускиот арбитар доби сугестија од ...

Реал Мадрид од 50. минута има предност во дуелот со Бенфика во Лисабон. Спектакулеран гол постигна крилниот играч Винициус Жуниор. После една акција, Бразилецот доби топка од левата страна, и упати вистински „проектил“ кој заврши во горниот лев агол. Веднаш по голот, Винициус се пожали на расистички навреди од еден противнички фудбалер и сега на клупата одбивајќи да игра, дуелот беше десет минути во прекин, страстите целосно зовреа, пред ...