Охрид, 18. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 55-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. – Тој, на имот во државна сопственост, во близина на течението на реката Грашница во Охрид, неовластено и спротивно на одредбите од Законот за градба, изградил објект за лични потреби, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес ...

На 17.12.2025 година во 17:50 часот, на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 35-годишно лице од Охрид и притоа, кај него пронајдоа и одзедоа две пластични шишиња со непозната течност. Тој претходно беше пријавен дека агресивно се однесувал кон вработени во казино на улица „Димитар Влахов“, им упатувал закани и оштетил дел од апаратите. По целосно документирање на настанот, против него ...