Дали Вардар 1961 ќе остане на врвот на табелата, одговорот ќе го добиеме денеска во Автокоманда. „Црвено-црните“ му гостуваат на секогаш незгодниот Алкалоид, мечот е закажан со почеток во 18 часот. Патот до титулата за ракометарите на Вардар 1961 има неколку „нагазни мини“, а една од нив е токму оваа пресметка со момците на Кирил Лазаров, кој пак нема да смета на најдобриот состав, откако се повредија и беа оперирани Марко Митев и Никола ...

Алкалоид и Вардар ремизираа 26:26 во дербито на ракометната Супер лига. Во текот на целиот меч беше неизвесно, па на крајот, ремито можеби е и најреален резултат. Со овој бод Вардар стигна до 13 бодови и повторно е лидер на табелата. Со 13 бодови е и Пелистер, додека Алкалоид е трет со девет бодови. Дербито целосно ги оправда очекувањата. Алкалоид поведе со 5:2, а потоа гостите со серија од три гола стигнаа до израмнување. Потоа Алкалоид во еден ...

Екипите на Алкалоид и Вардар 1961 го одиграа дербито на денот во Суперлигата на Македонија, а истото заврши без победник со резултат 26-26 по голема драма во „Автокоманда“. „Црвено-црните“ беа на прагот на пораз, па со ова реми може да бидат позадоволни од епилогот. Домаќинот подобро тргна во мечот, имаше цврста одбрана и потпомогнат со одбраните на Марко Кизиќ се одлепи на 5-2. Имаше Алкалоид и напад за плус четири кој не го искористи, па потоа ...