Екипта на Охрид убедливо со 3:0 го победи Шкупи во меч од осминафинале на Купот на Македонија. Уште во првото полувреме Охрид поведе со 2:0, а потоа постигна уште еден гол во вториот дел за потврда на сигурната победа. Интересно е дека второлигашот Охрид во првите две кола елиминираше два прволигаши. Охриѓани во првото коло по подобро изведување на пеналите беа подобри од Брера, а сега лесно го совладаа Шкупи. Понатаму во Купот продолжува и ...
Екипите од Втората фудбалска лига Охрид и Детонит Плачковица изборија четвртфинале од Купот на Македонија. ГФК Охрид пред своите навивачи успеа да го совлада прволигашот Шкупи со 3:0 . Воедно охриѓани ја искористија слабата форма на прволигашот, кој нема освоено бод во лигата. Во Струмица гостите Детонит Плачковица ја совладаа екипата на Беласица со 1:0 за пласман меѓу најдобрите осум екипи во куп натпреварувањето. Во другите двојки ќе играат: ...