Ракометната репрезентација на Македонија ќе одигра две силни контролни средби на крајот од октомври и почетокот на ноември, во кои избраниците на Кире Лазаров за противник ќе ја имаат Јапонија. Станува збор за исклучително квалитетна азиска селекција што редовно е дел од големите натпреварувања, воедно и репрезентација што инсистира на атомски брз ракомет, стил на игра што го преферира и селекторот Лазаров. „Договорени се две средби со Јапонија ...
Македонија полека ги почнува подготовките за Европското првенство кое ќе се одржи во јануари наредната година. А првите тестови ќе бидат против Јапонија. „Со ‘Трофејот Македонија’ оваа недела не е крајот на нашите обврски околу репрезентациите. До крајот на годинава имаме уште неколку важни турнири и квалификации. Пред се, машката У18 репрезентацијата во Луксембург ќе игра квалификации за пласман на Европското првенство во 2026 година и нашите ...