Четириесет дена по празникот на Христовото Воскресение, Велигден, православните верници го одбележуваат Спасовден, вознесение Христово. По воскреснувањето, Исус 40 дена им се јавувал на апостолите и ги поучувал. Одењето кај Отецот е чин јавен: се случува пред очите на апостолите. Христос се подига во воздухот и облак го подзема носејќи го на небото. Последните пораки што им ги дава се подготовки за Педесетницата. Откако се вознесол на небото, ...

На денешен датум православните христијани одбележуваат празник посветен на Римскиот император, Царот Константин Велики и неговата мајка Елена. Константин се смета за првиот христијански римски император. Преданието раскажува дека неговата мајка – царица Елена, била на аџилак во местата каде што живеел Исус, изградила неколку манастири и го открила крстот на кој бил распнат. Во времето кога во Рим царуваше Диоклецијан управник на западните римски ...