Ефикасен прв дел одиграа Реал Мадрид и Манчестер Сити на „Сантијаго Бернабеу“ со три постигнати гола, секој од нив носи своја приказна. „Кралевите“ тргнаа силно на „Бернабеу“ и создадоа неколку добри шанси, а една од нив искористи Бразилецот Родриго, кој изведе прекрасен потег и го отвори резултатот во 28. минута. Тој погоди по 31 натпревар без гол во дресот на Реал Мадрид, што е антирекорд. Доби одлична топка од Англичанецот Џуд Белингем, ...

Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Родриго, постигна гол за мадридскиот клуб за првпат од март оваа година. 24-годишниот Бразилец го отвори резултатот против Манчестер Сити во 6-то коло од лигашката фаза на Лигата на шампионите (1-2, прво полувреме). Ова беше првиот гол на Бразилецот за „Лос Бланкос“ од 4 март, кога постигна гол во победата од 2-1 против Атлетико Мадрид. Оттогаш, Родриго не успеа да постигне гол на 32 натпревари. (ВИДЕО) ...

Реал Мадрид и Манчестер сити го оправадаа епитетот дерби на денот во Лигата на шампионите, го играат најинтересниот и најефикасен меч од тие што започнаа во 21 часот. Родриго кој е „пеницилин“ за Сити, даде гол после пауза од дури 32 меча без погодок, и му донесе предност на Кралскиот клуб, но само 15 минути подоцна семафорот покажуваше 2-1 за гостите од Англија. Најпрвин Нико О‘Рајли го постигна својот прв гол во кариерата во ЛШ, а потоа ...