ПРЕМИЕРА – 16 октомври (четврток) , почеток 20 часот РЕПРИЗИ – 17 октомври (петок) и 20 октомври (понеделник) МАЛО НЕВИНО УБИСТВО (црна комедија) За авторот Жан-Пјер Мартинез (1955) е еден од најизведуваните современи француски драмски автори. Автор е на повеќе од сто драмски текстови, преведени на многу јазици, во кои, со голема доза на хумор и иронија, ги прикажува противречностите на современото живеење. Мартинез ја наоѓа инспирацијата за ...
Црна комедија со француски шмек и домашна топлина ја освои велешката публика. Со долг аплауз и без празно седиште, на сцената на театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес премиерно беше изведена претставата „Мало невино убиство“, црна комедија по текст на францускиот драматург Жан-Пјер Мартинез, во режија на Деан Дамјановски. Во центарот на заплетот е едно навидум мало и безопасно недоразбирање, кое прераснува во лавина од лаги, ...
Велес, 16 октомври 2025 (МИА) - На големата сцена на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ вечер во 20 часот премиерно ќе биде изведена црната комедија „Мало невино убиство“ од францускиот автор Жан - Пјер Мартинез, во режија на Деан Дамјановски. Во претставата играат Васил Зафирчев во улога на Алан, Кети Борисовска во улога на Ева и Талија Настова како Ема. Инаку специфично е што публиката во лимитиран број од осумдесетина ќе биде ...