Македонскиот шампион Шкендија денеска ги пушти во продажба билетите за првиот натпревар од втората квалификациска рунда на Лигата на шампионите против ФЦСБ. Натпреварот се игра на 22 јули (вторник) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, со почеток од 20 часот. Цената на билетот изнесува 300 денари, а билетите може да се набават на следните места: онлајн преку mktickets.mk, во просториите на ФК Шкендија во центарот на Тетово, на ...

Како што беше случај на двата меча од 1.квалификациско коло во ЛШ со ТНС, така ќе биде и за мечот Шкендија – ФЦСБ во вторник. Имено мечот од 2.квалификациско коло во најквалитетното натпреварување во Европа, меѓу Шкендија и ФЦСБ ќе биде пренесуван во живо од страна на МТВ или Националниот сервис. Секако дека ова е убава вест за фановите на фудбалот во Македонија, посебно за тие што не ќе можат да дојдат на Арената “Тодор Проески“ да ги ...

Екипата на ФЦСБ е следен ривал на Шкендија во Лигата на шампионите, а тимот го одигра лигашкиот меч во рамки на 2. коло од романскиот шампионат и дојде до првата победа. ФЦСБ имаше тешко гостување кај Петролул Плоешти, а мечот заврши со триумф на екипата од Букурешт со 1-0. Стрелец на победничкиот гол беше Флорин Танасе во 75-тата минута од мечот. Ова беше подготвителен меч за ФЦСБ за мечот со Шкендија во ЛШ, кој се игра во Скопје во вторник од ...

Вардар својот прв меч од 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции, и тоа против Лозана, ќе го одигра во четврток (24 јули) со почеток од 20:30 часот на Националната Арена “Тодор Проески“. Од страна на нашиот најтрофеен клуб информираат дека билетите за оваа средба се веќе пуштени. Истите може да се купат по цена од 100 и 300 денари и тоа онлајн, и тоа преку karti.com.mk. Па затоа побрзајте, купете билет, сите оние кои сакате да го гледате ...