По повеќе од две децении активно присуство на алтернативната сцена, скопската група Д.Н.О, вечерва, на Денот на младите, со почеток во 21:00 часот ќе го одржи својот прв акустичен концерт во кино Фросина – Младински културен центар (МКЦ). Овој концерт претставува редок и интимен музички настан, во кој бендот ќе се претстави во поинакво светло – со акустични аранжмани и поблиска комуникација со публиката. Настанот е замислен како специјална вечер ...

Спој на стрип, музика и технологија, преку цртачки концерт и интерактивна претстава на францускиот стрип артист Виктор Дулон Виду, во музичка придружба на пијанистката Марина Васиљева ќе се одржи во четврток, 29 мај,во 20 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. За време на престојот на стрип артистот во Македонија од 26 до 30 мај ќе се одржат и креативни работилници наменети за повеќе од 100 средношколци и студенти, со цел да се ...