Од утре стапува на сила Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки, со која од 15 август до 15 септември ќе ги опфати трговците на мало и на големо кои продаваат училишен прибор. Станува збор за мерката позната како „Училишна кошница“ која ја спроведуваме втора година по ред и нејзина цел е заштита на животниот стандард, посебно на граѓаните кои имаат деца кои се ученици и студенти. Очекувам заштеда за семејствата од 800 до 2.000 ...

Со цел заштита на стандардот на граѓаните, особено во септември, кој е еден од потешките месеци во кои домаќинствата имаат зголемени трошоци, заради почетокот на учебната година, Владата донесе одлука за воведување на мерката „Училишна кошница“, која ќе трае од 15 август до 15 септември 2025 и производите ќе се продаваат по ограничена цена, односно намалена. Промовирајќи ја кошницата денеска во Прилеп, заменик министерот за економија Марјан ...

„Со оваа одлука цените на производите кои ги користат учениците (тетратки, ранци, моливи, боици, фломастери, калкулатори, ножици, лепак, папки и други основни материјали) се враќаат на нивото од 1 јуни и на истите се дава попуст од најмалку 10 проценти во трговијата на големо и најмалку 15 проценти во трговијата на мало“, рече Ристески во изјава за медиумите во Прилеп. Тој напомена дека мерката се спроведува втора година по ред и додаде дека ...