Ракометарите на Кристијанштад приредија изненадување и го победија Мелсунген (31-30) во третото коло од главната фаза на Европската лига на ЕХФ. За разлика од претходниот меч во Скопје, на оваа средба во Шведска германската екипа допатува со посилен состав. Заиграа дел од ѕвездите, но Мелсунген пак не беше во полна сила. И покрај тоа, Кристијанштад беше помотивиран и стигна до победата. Овој резултат беше подвиг на шведскиот клуб, а истиот ...
Вардар ја оствари зацртаната цел, а тоа е да ја победи Бенфика со 33:27 во меч од петото коло во ракометната Лига на Европа на ЕХФ. За Вардар ова е трета победа и со шест бода сега е лидер на табелата со подобра гол разлика од германскиот Мелсунген кој истотака има шест бодови. Бенфика остана на третото место на табелата со четири бодови колку што има и последниот Кристијанштад. Во последното коло од групата, Вардар ќе гостува кај Мелсунген, ...

