Вчера 53-годишен Британец со комбе удри во толпа навивачи на Ливерпул кои го славеа шампионскиот трофеј од Премиер лигата, повредувајќи повеќе од 45 луѓе и претворајќи ја радоста во страв и паника, објави Асошиејтед прес. Полицијата соопшти дека возачот делувал сам и дека инцидентот не се третира како терористички напад. Според Дејв Китчин од Брзата помош на Северозападна Англија, 27 лица се пренесени во болница, од кои двајца со сериозни ...

Вкупно 47 лица се повредени во инцидентот во кој миниван се заби во навивачите на Ливерпул за време на парадата за прослава на освојувањето на шампионската титула во Премиер лигата. Дваесет лица добиле медицинска помош на местото на настанот, а 27 лица беа однесени во болница. Двајца од нив, меѓу кои и едно дете, се во сериозна состојба и со тешки повреди. Директорот на противпожарната и спасувачка служба изјави дека тројца возрасни и едно дете ...