Зголемувањето на расходите со ребалансот на Буџетот, според економскиот аналитичар и член на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Арбен Халили носат ризик од дополнителен инфлаторен притисок, особено ако дел од новите расходи одат кон тековна потрошувачка. -Реалноста е дека условите значително се влошија во однос на почетните проекции – растот е ревидиран надолу за 0,3 процентни поени, од 3,8 на 3,5 отсто, додека инфлацијата е ...
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска во 12: 30 часот ќе ја продолжи амандманската расправа за ребалансот на Буџетот. За ребалансот на Буџетот поднесени се вкупно 224 амандмани од кои 90 се од ДУИ, 78 од СДСМ, 51 од Левица и пет од ВРЕДИ. Комисијата досега разгледа повеќе амандамани. Вкупните приходи во ребалансот се проектирани на 379,2 милијарди денари, што е зголемување за речиси 4,2 милијарди денари или 1,1 отсто во однос ...
Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Биљана Кузманоска во изјава за медиумите оцени дека ребалансот на Буџетот е насочен кон зголемување на капиталните инвестиции и реализација на инфраструктурни проекти низ државата. -За секој буџет, па и за овој, најважно прашање е – каде одат парите? Со ребалансот на државната каса, одговорот е јасен: во патишта, железници, водоводи, училишта и уште многу други проекти кои ќе бидат додадена вредност за Македонија, ...

