Бројот на жртви од рускиот напад врз Киев се искачи на осум, а над 40 се повредени, соопштија украинските власти. Украинската Државна служба за вонредни ситуации соопшти дека под урнатините на станбена зграда во округот Дарница е пронајдено уште едно тело, со што вкупниот број на жртви се искачи на осум, објави Укринформ. Во погодениот дел од градот се во тек операции за пребарување и спасување, додека спасувачите продолжуваат да ги ...
Бројот на загинати во рускиот вечерашен напад врз Киев се искачи на 16, меѓу кои има и две деца. Повредени се уште 57 лица, од кои 27 се хоспитализирани, соопштија украинските служби за итни случаи и градоначалникот Виталиј Кличко. Спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по преживеани во населбата Дарницки, каде на терен се ангажирани 170 спасувачи со механизација и тимови со кучиња. На местото има и психолози кои им помагаат на ...

