На 15.07.2025 во 23.45 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека во село Штука, струмичко, З.С.(33) од село Иловица, струмичко, управувајќи мотоцикл „хамачи” без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Од здобиените повреди, мотоциклистот починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица. Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица ...
Малолетник смртно настрада во сообраќајна несреќа што рано изутринава се случи на регионалниот пат Охрид – Свети Наум, во близина на населбата Рача. Според информациите од СВР – Охрид, незгодата се случила рано изутринава во 1:40 часот кога на потегот помеѓу населбата Рача и стариот влез за хотелот „Парк“, мопед управуван од 16-годишник од Охрид, излетал од коловозот и удрил во метален столб. Притоа малолетникот се здобил со тешки телесни ...