Зградата на холандската амбасада во Киев е оштетена откако проектил паднал во нејзина непосредна близина, зад зградата на дипломатската мисија, а во инцидентот никој од вработените не е повреден, објави денес холандскиот министер за надворешни работи, Том Берендсен. „Нашите колеги се неповредени, иако зградата претрпе помала штета. Истражуваме што точно се случило. Наш приоритет сега е безбедноста и благосостојбата на вработените“, рече ...
Руските напади врз украинската престолнина Киев предизвикаа штета и на уште едно дипломатско претставништво. По холандската, оштетена е и зградата на австриската амбасада, откако проектил падна во нејзина непосредна близина. Австриската министерка за надворешни работи, Беате Мајнл-Рајзингер, потврди дека во нападот била оштетена зградата на амбасадата, но дека нема повредени меѓу дипломатскиот персонал. Според нејзиното соопштение, ...

