На наплатните станици „Отовица“, „Сопот“ и „Градско“, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес вчера реализираа активност во рамки на кампањата „Безбедно во лето-вози одморен, вози одговорно“. На возачите им беше укажано за важноста од управување на возило одморени, да се прават почести паузи во текот на патувањето и да се следат препораките за безбедно возење. Денеска, пак, на подрачје на Велес, спроведена е превентивна ...
Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 15:05 часот, го лишиле од слобода 82-годишниот Т.Б. од село во велешко, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 78-годишна сопруга. Како што информираат од СВР Велес, физичките напади се случувале во подолг временски период. За случајот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјална работа. По целосното документирање на случајот против Т.Б. ќе биде поднесена ...

