Фудбалерите на Вардар стигнаа до нова победа откако во премиерниот меч од 30. коло во Првата македонска фудбалска лига славеа на гостувањето кај Шкупи со 0-2. Првото полувреме не донесе големи возбудувања се до самиот финиш. Првото возбудување се случи кога црвен картон доби тренерот на гостите, Гоце Седлоски. По еден старт на средината на теренот, Седлоски беше видно незадоволен од судиската одлука по што жестоко реагираше. По овие реакции ...
Вардар игра во шампионски стил во пролетниот дел од сезоната, урива рекорди и 14 натпревари не знае за пораз. Серијата продолжи и денеска на Чаир, каде „црвено-црните“ славеа со 0-2. Роџерс Мато во 45-тата минута и Мислав Матиќ во 70-тата минута беа стрелци за Вардар на дербито. Пред околу 3.000 гледачи на Чаир, Вардар не потклекна и одигра одличен натпревар. Успеа да стигне до пораз и без шефот на стручниот штаб Гоце Седлоски кој беше исклучен ...