Нант му нанесе болен пораз на Лил во 26. коло од француското првенство славејќи со 1-0 во натпревар во кој домаќините останаа и со фудбалер помалку. Црвениот картон на Кастелето во 74. минута сепак не го спречи Мостафа Мохамед да ја затресе мрежата на противникот во 83. минута и да го постигне единствениот гол на средбата. Со овој пораз Лил испушти шанса да се искачи на делба на третата позиција на табелата, додека Нант забележа важен триумф за ...
По поразот од Rаботнички на домашен терен во минатото коло, кошаркарите на Пелистер успеаја да победат денеска на гостувањето против Чаир со 64-69. Со оваа победа, битолчани се враќаат кон водечката четворка на табелата, додека Чаир ќе остане на осмата позиција и ќе продолжи да се бори за место кое води во разигрувањето за титулата. Вечерва, Пелистер имаше подобар настап во првото полувреме, кога успеа да направи разлика од четири поени ...