Американскиот претседател Доналд Трамп го поврза аутизмот со употребата на вакцина и земањето на популарниот лек против болки Тиленол од страна на жени за време на бременост, поттикнувајќи тврдења што не се поткрепени со научни докази. На вонредна прес-конференција во Белата куќа, републиканскиот претседател им даде медицински совети на бремените жени и родителите на мали деца, постојано кажувајќи им да не го користат или да го даваат лекот ...

Доналд Трамп кажа дека лекарите во САД ќе бидат советувани да не им го даваат лекот против болки „тиленол“ на бремените жени, поврзувајќи го со појавата на аутизам кај децата. Американскиот претседател тврди дека земањето парацетамол, што е главната состојка на „тиленолот“, не е добро и смета дека трудниците би требало да го земаат само во случај на многу силна треска. Некои истражувања покажале дека има врска помеѓу бремените жени кои земаат ...