Почнувајќи од 5 април (сабота) па во текот на следната седмица, ни следува многу ладен период, и тоа поради спуштањето на многу ладен воздух директно од Сибир кон Балканот и нашата Република Македонија. Сето ова ќе го предизвика Антициклонот (поле на висок воздушен притисок) над Велика Британија, токму овој Антициклон слободно ќе дозволи кон нашите предели од Сибир да продре овој многу ладен воздух. Овој многу ладен воздух ќе го активира ...

Од УХМР информираат дека денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има услови за развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. И во Скопје ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Од недела нè очекува пад на температурите и врнежи од снег на планините, информира УХМР. Поради продор на студена воздушна маса од север, ќе има дожд, а на ...

Метео анализа на Славчо Попоски: Самиот почеток од април во нашата Република Македонија ни носи продор на поладен воздух од север, а врнежите ќе продолжат. Во ваква ситуација, на планинските и на Скијачките места врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег, а сето ова ќе биде проследено со северен ветер и со позначителен пад на температурите. Барем од она што можам во моментов да го кажам за јавноста, не се исклучува можноста во почетокот ...