Одредени маркети забележале зголемување на бруто маржата од 2 до 5 отсто во споредба со минатата година, поради што ќе бидат повикани на состанок каде јасно ќе им биде кажано дека тоа е недозволиво. Ова денеска го истакна претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за текот на преговорите со маркетите и намалувањето на цените на храната. Премиерот потенцираше дека ваквото однесување нема да се толерира и ...
Анализата која ја подготувава ДПИ е во завршна фаза, во моментот тоа што е утврдено е дека одредени маркети ги зголемиле маржите за 2-5 отсто, додека целосната анализа во која се опфаќаат и производителите и увозниците-дистрибутери се очекува да биде завршена наредниот период. Од Државниот пазарен инспекторат информираат дека откако ќе ја финализираат анализата ќе ја достават во Министерство за економија од каде велат дека ќе се произнесат ...

