На настанот обраќања ќе имаат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Александар Јанев. На одбележувањето на Денот на македонската полиција ќе присуствуваат и министри и други гости, како и претставници на дипломатскиот кор во Македонија. Активностите продолжуваат попладне во 17.30 часот на паркингот пред Градското собрание каде ќе има презентација на опрема од различни полициски ...
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност и раководството на СВР Велес, денеска учествуваше во пролетен марш на подрачјето на Неготино. Маршот се одвиваше на релација од месноста Острово до манастирот „Свети Ѓоргија“. Според министерот, ваквите активности се клучни за зајакнување на внатрешната кохезија во редовите на полицијата. „Овие активности ја јакнат сплотеноста, довербата и ...

