Сликата на теренот во текот на речиси целиот натпревар беше јасна: Белгија константно напаѓаше и ја имаше иницијативата, додека Иранците се фокусираа на цврста одбрана и се закануваа преку брзи противнапади. Во 25. минута иранската репрезентација почна да слави по ударот на Тареми, меѓутоа судиите го поништија погодокот поради недозволена позиција (офсајд). Чуварот на мрежата на Иран, Беиранванд, се истакна со неколку извонредни интервенции, ...
Белгија уште еднаш разочара на Светското првенство. По ремито со Египет, Белгија одигра 0:0 со Иран. Инаку, иранскиот тим на оваа средба влезе во историјата како најстариот тим во историјата на Светските првенства, односно од 1966 година, кога се води статистика. Просечната возраст на играчите што тренерот Амир Галенои ги извади на теренот беше 32 години и 181 ден, надминувајќи ја Германија од Светското првенство во 1998 година, кога ...

