Се асфалтираат неколку дотраени улици и краци во штипската населба Македонка. Инвестицијата, вредна 1,6 милиони денари од општинскиот буџет, е дел од поголемата слика: Македонка да стане место каде што животот има пристојна инфраструктура. До крајот на годината, во дворот на подрачното училиште Тошо Арсов, ќе никне модерен спортски терен со тартан подлога, нови реквизити и целосно осветлување – чекор повеќе кон здрава иднина за младите. ...
Штип, 4 јуни 2025 (МИА) – Во штипската населба Македонка од денеска почнаа да се асфалтираат неколку дотраени улици и краци, информираше на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Тој рече дека инвестицијата во населбата Македонка е вредна 1,6 милиони денари. До крајот на годината, во дворот на подрачното училиште „Тошо Арсов“ во населбата Македонка ќе се изгради и модерен спортски терен со тартан подлога, ќе ...