• сабота, 28 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Градежни активности во штипската населба Македонка

Градежни активности во штипската населба Македонка

Штип, 4 јуни 2025 (МИА) – Во штипската населба Македонка од денеска почнаа да се асфалтираат неколку дотраени улици и краци, информираше на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Тој рече дека инвестицијата во населбата Македонка е вредна 1,6 милиони денари.

До крајот на годината, во дворот на подрачното училиште „Тошо Арсов“ во населбата Македонка ќе се изгради и  модерен спортски терен со тартан подлога, ќе се постават нови реквизити и целосно ќе се  осветли  спортскиот терен. Градоначалникот Иван Јорданов најави  и изградба на пешачко-велосипедска патека што ќе ја поврзе населбата со кејот на Брегалница.

-Во населбата Македонка  денес се работи на асфалтирање на неколку улици, финансискиот износ којшто е одвоен од буџетот на општината е 1, 6 милиони денари. Опфатени се краци и улица во населбата, а коешто е останото како обврска, затоа што пред три ипол години влеговме да ги опфатме улиците коишто претходно никогаш не биле третирани исто во оваа населба, рече Јорданов Штипскиот градоначалник смета дека инфраструктурата и изгледот на населбата драстично е променета во споредба со пред неколку години. Предвидените активности во населбата Македонка ќе бидат завршени во најкус временски период, а општината како што изјави Јорданов продолжува да инвестира и работи  и понатаму со засилено темпо. вдј/дма/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан