Владимир Мирковски е изборот на раководството на Работнички за нов шеф на стручниот штаб почнувајќи од наредната сезона. „Центарци“ беа во избор по нов стратег откако пред самиот крај на сезоната се разделија од Горан Самарџиев, во игра беа неколку тренери, за на крајот изборот да падне врз Мирковски. Станува збор за млад стратег кој претходно беше и младински селектор на Македонија, а ланската сезона го водеше тимот на Војводина во АБА2 лигата ...

Владимир Мирковски ќе биде нов тренер на Работнички во следната сезона. Откако најтрофејниот кошаркарски колектив не успеа да го врати стариот сјај и покрај подобрената финансиска сиутација со Горан Самарџиев на клупата, сега ќе се обиде со ново младо тренерско име. Пред крајот на сезоната Самарџиев го остави Работнички поради катастрофалното издание на неговиот тим. Мирковски го чека напорна работа, со оглед на нестабилноста на „црвено-белите“ ...