Без филтер“ со Ружица од Ареа: „Му напишав песна на Ивица - тоа е најромантичната работа што сум ја направила за него“ „Зошто не му дојдов на Ивица на прв состанок? Во тоа време мислев дека не е убаво да се забавувам со школски другар, а со него бевме школски другари“ - се сеќава Ружица за почетокот на љубовта со сопругот. 25 години по издавањето на албумот „Врати на имагинација“ и легендарниот концерт на Кале, на кој дојдоа неколку илјади ...

„Кога „Ареа“ пред 25 години одржа концертот на Скопски саем, некои од вас можеби не биле ни родени. Таа ноќ се случи најпозитивниот хаос во нашата кариера, но и во нашите животи. По снимањето на вториот албум „Врати на имагинацијата“ нашата популарност многу се зголеми, а речиси секоја песна стана хит. Имаше толку многу гужва пред вратите на салата, што околу две илјади луѓе не успеаја да влезат. За нив одржавме уште еден концерт во Универзална ...