Раководството на Милан е во шок откако „росонерите“ претрпеа неочекуван пораз на домашен терен од Калјари во последното коло од Серија А, исход што значеше и губење на билетот за ЛШ за наредната сезона. Ова само по себе значи загуба од најмалку 50 милиони евра, па јасен е бесот кај челниците на италијанскиот гигант кои уште синоќа најавиле сериозен ремонт. За сопственикот Кардинале нема дилема, мора да „летаат“ лица од највисоката управа на ...

Милан успеа да упрска се што градеше неколку месеци во период од само пет-шест недели, а серијата ужасни резултати во Серија А кулминираа со болен пораз од Калјари на домашен терен. „Росонерите“ загубија од тим кој немаше никаков императив да слави победа и со тоа испаднаа лузери на вечерта во последната рунда во Калчо лигата, бидејќи загубените три бода значеа дека тимот на Масимилијано Алегри останува без пласман во Лигата на шампиони. ...

По отпуштањето на речиси цела управа, италијанската јавноста открива дека во Милан всушност владеел вистински хаос. Новинарката Моника Коломбо тврди дека тензиите меѓу Златан Ибрахимовиќ и Масимилијано Алегри кулминирале со физичка пресметка. Новинарката на „Кориере дела Сера“ открива дека проблемите меѓу двајцата траеле подолго време, а несогласувањата околу изборот на трет голман за следната сезона биле само повод повторно да се разгорат ...