Нескриените тенденции на официјална Софија во различни модалитети да ја продолжи традицијата на асимилирачки политики во регионов и особено кон Македонците, во последната деценија во голема мера се препознава со издавањето бугарски пасоши. Имено, откога Бугарија стана членка на ЕУ, нејзиниот пасош стана и „европски“ и, се разбира, истиот тој е со поголеми можности, што ги овозможува со членството во Унијата. Трендот на издавање бугарски пасоши ...
Речиси веќе една година, Бугарија најавува уште полиберална политика за издавањето пасоши. Од наши соговорници од Софија, презентирана ни е информацијата дека се подготвува дополнително уште посилно олеснување на процедурата за издавање бугарски пасоши, кое веќе поминало во прво читање во бугарскиот парламент. Но целиот процес моментно е во застој затоа што земјата е во правен вакуум, поради неможност да формира нова влада Нескриените тенденции ...