Лука Модриќ со порака на социјалните мрежи објави дека после 13 години си заминува од Реал Мадрид, а во сабота ќе го одигра и последниот меч на „Сантијаго Бернабе“. Веднаш следуваше и објава од „кралскиот“ клуб, од каде напишаа „Ти благодариме Лука“, а потоа споделија и седумминутно видео од настапите и успесите на Хрватот во дресот на Реал Мадрид. Модиќ си заминува од Мадрид како најтрофеен фудбалер во историјата на клубот со 28 титули во сите ...
Саботниот натпревар против Реал Сосиедад ќе биде последен на клупата на Реал Мадрид за преискусниот италијански стратег Карло Анчелоти, потврди славниот шпански клуб. Со крајот на сезоната завршува и вториот мандат на Анчелоти во главниот град на Шпанија. Првиот траеше од 2013 до 2015 година, а вториот започна летото 2021 година и ги донесе најуспешните години во 123 години долгата историја на клубот со три освоени титули во Лигата на Шампиони, ...