Фирмата „БВ инженеринг“ од Битола што ја асфалтира и реконструира улицата „Бурса“ во Битола или попозната како обиколницата во индустрискиот дел на градот вели дека асфалтот на коловозот попуштил од тешкиот товарен сообраќај, односно дека се работи за „надворешни фактори“. Во соопштението испратено до јавноста фирмата „БВ инженеринг“ наведува - „Првичните наоди, укажуваат дека интензивниот тешко-транспортен сообраќај во изминатиот период, ...

БИТОЛА – Распуканиот асфалт на битолската улица „Бурса“, или попозната како обиколницата во индустрискиот дел на Битола, добива трагикомична димензија. Градежната фирма „БВ Инженеринг“ Битола објави дека вчера таман го санирале распуканиот асфалт на обиколницата која минува низ индустрискиот дел на градот и ставиле заштитна ограда никој да не поминува по новиот асфалт, оти требало минимум 24-часовна заштита на санираните делови од оптоварување ...