Со медали и дипломи во рацете, и со безброј спомени во срцето, дваесет и осум млади фолклористи од Велес се вратија од учество на Меѓународниот фолклорен фестивал за деца што се одржа во областа Сакарија, Република Турција. Нивните настапи беа крунисани со заслужено признание за секое одиграно оро, за вложениот труд и за успешно претставување на македонскиот фолклор пред интернационална публика. На фестивалот, велешките фолклористи од Ансамбл ...
Велес, 26 април 2025 (МИА) - Најмладите членови од ансамблот „Керамичар“ од Велес настапија на Меѓународниот фолклорен фестивал на детето „Сакарија“ во Турција кој се одржа од 21 до 25 април. Претседателот на „Кермичар“, Томе Јаневски, за МИА изјави дека на фестивалот, на кој настапиле фолклорни друштва од повеќе земји, најмалите членови на нивниот ансамбл ја одушевиле публиката, освоиле медали за кореографија и сценски настап и добиле дипломи ...