Завршија првите полувремиња од реванш полуфиналните средби во Купот на Македонија. Во Кратово домашниот Силекс има водство од 1:0 со голот од пенал на Додев во 34.минута. Да кажеме дека Силекс во 23.минута имаше уште еден пенал, но тогаш гостинскиот голман Серафимов го одбрани ударот на Алиќ. Кратовци имаа неколку шанси за поубедливо водство, беа далеку подобри, но на пауза се замина со тие 1:0 или вкупно 2:1, ако се смета резултатот и од ...

Силекс на 20 мај на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, во финалето во Купот на Македонија, шесто во својата историја, ќе атакува по својот четврти трофеј. Ривал ќе му биде Шкендија, а на тој меч четата на стратегот Александар Васоски ќе бијат битка и за пласман во Европа. Познато е дека само ако ја победат Шкендија во финалето и го освојат Купот, ќе играат во фудбалска Европа. Силекс попладнево на свој терен успеа со 1:0, во реваншот од ...