Поштенски автобус се запалил во Керцерс, во швајцарскиот кантон Фрибург, во вторник вечерта. Полицијата потврди шест смртни случаи и пет повредени. Првичните истраги покажуваат дека пожарот е намерно подметнат. Според очевидци на местото на настанот, едно лице се качило во автобусот, се полило со бензин и се самозапалило, што довело до трагедијата. Видеата и фотографиите испратени од читателите на весникот Блик покажуваат дека поштенскиот ...
Швајцарската полиција соопшти дека пожарот во автобус во кантонот Фрибург, во кој загинаа најмалку шест лица, веројатно бил намерно предизвикан, по извештаите дека патник се самозапалил во возилото. Истражителите досега ја исклучија можноста за терористички напад. Трагедијата се случила околу 18:25 часот во вторник во градот Керцерс, во западна Швајцарија, кога автобус на PostBus што сообраќал помеѓу Дидинген и Керцерс одеднаш се запалил. ...

