Вкупно 15.705 ученици се запишаа во средните училиштга, во двата рока за пријавување во јуни. Повеќе од половината се пријавија за средно стручно образование, со што продолжува трендот на интерес за овие средни училишта. Првото пријавување на учениците се реализираше преку електронско аплицирање од 12 до 15 јуни 2026 година, а доставувањето на потребната документација до училиштата беше од 16 до 17 јуни. Второто пријавување од 23 јуни, а ...
Како што соопшти Министерството за образование и наука, 11.171 ученици се запишани за настава на македонски јазик; 4.241 за настава на албански јазик; 279 ученици за настава на турски и 14 ученици за настава на српски јазик. Според видот на образованието, во двете пријавувања запишани се вкупно, 4.653 ученици во гимназиско образование, 10.823 ученици во стручно образование. Во Спортска академија се запишани 229 ученици, а во уметничкото ...

