Реал Мадрид одлучи да му го плати на тренерот Карло Анчелоти преостанатиот дел од неговиот договор, иако е јасно дека Италијанецот си заминува, објави денес шпанскиот медиум „Релево“. Реал, исто така, планира да му понуди на Анчелоти почесна позиција како амбасадор на клубот доживотно, откако ќе одлучи да се пензионира од тренерската кариера. Одлуката доаѓа по низа шпекулации за неговата иднина што се засилија по неодамнешниот пораз од Барселона ...
Карло Анчелоти наскоро ќе треба да стане нов селектор на Бразил. Јасно е дека искусниот италијански стручњак заминува од клупата на Реал Мадрид, и веќе се договорил со челниците на бразилската репрезентација. Но, сега се појави проблем. Реал Мадрид наводно не сака да му ја исплати откупната клаузула при евентуален прекин на договорот, па така сега трансферот е блокиран. Исто така се шпекулира дека еден од проблемите е и тајмингот на преземање. ...