Владата е во фаза на изработка на конкретни законски решенија за најавената мерка со која младите брачни двојки до 35 години би добивале станови по цена најмалку 20 проценти пониска од пазарната. Ова е одговорот што го доби „Слободен печат“ од Владата, по најавата на премиерот Христијан Мицкоски дека градежните компании ќе мора да издвојуваат најмалку 10 проценти од станбените единици за млади семејства. Во меѓувреме, градежниот сектор ...
Од Градежната комора при Сојузот на стопански комори велат дека ја поддржуваат целта младите брачни парови полесно да дојдат до свој дом, но дека бараат издржана анализа за тоа како да се стигне до целта. – Сепак, најавата дека издавањето дозвола за градба ќе се услови со издвојување 10 проценти од станбената површина по цена најмалку 20 проценти под пазарната бара сериозна анализа и разговор со градежниот сектор. Предлагаме Владата и ...
Високите цени на становите, скапите станбени кредити и неизвесноста околу приходите се меѓу главните пречки со кои се соочуваат младите во Македонија кога сакаат да се осамостојат и да формираат семејство. За многумина, купувањето сопствен дом значи преземање обврска што ќе ја отплаќаат со децении, па одлуката за стан често се одложува, а со неа и плановите за деца. Токму затоа најавените мерки за олеснување на купувањето прв стан отвораат и ...

