Во галеријата на Македонскиот културно-информативен центар во Софија е отворена изложбата „Архивски документи“ од реномираната македонска уметница Жанета Вангели, во организација на Македонскиот КИЦ во Софија и Националната галерија на Македонија. Изложбата се состои од објекти, дигитален печат, аудиозаписи, фотографии, селектирани внимателно за изложбата и соодветната приказна што ја нуди. – Предизвик е да се пишува за ваква голема и ...

(Кон изложбата „Архивски документи“ на Жанета Вангели, Македонски културно информативен центар во Софија, 16.06.2026 г.) Во современата уметност архивата повеќе не се чувствува како статичен репозиториум на факти, ниту како неутрална институционална структура задолжена за чување на историското паметење. Имено, во текот на последните децении, под влијание на современата филозофија, културната теорија и критичката историографија, архивата се ...