Пред почетокот на квалификацискиот натпревар меѓу женските фудбалски репрезентации на Македонија и Азербејџан во Битола, беше организирана мала свеченост во чест на долгогодишната капитенка Викторија Панчурова. Панчурова денес го одигра последниот натпревар во дресот на македонската репрезентација, ставајќи крај на својата репрезентативна кариера по долгогодишни настапи и значаен придонес за развојот на женскиот фудбал во Македонија. Во знак ...
Женската фудбалска репрезентација на Македонија го заврши квалификацискиот циклус за Светското првенство со пораз, откако во Битола загуби од Азербејџан со 1:3 во директната борба за второто место во групата 3 од Лигата Ц. Македонските репрезентативки не успеаја да го искористат домашниот терен, па на крајот мораа да му честитаат на противникот кој со оваа победа го обезбеди второто место на табелата и продолжување во квалификацискиот пат. ...

