Клубот официјално потврди дека шпанскиот стратег заминува по десет години на клупата. Покрај разделбата од тренерската функција, Сити соопшти дека Гвардиола ќе остане дел од клубот како глобален амбасадор. Трофејниот тренер пристигна на „Етихад“ во 2016 година и во тој период освои дури 20 трофеи, со што стана најуспешниот менаџер во историјата на „граѓаните“. Според најавите од Англија, негов наследник ќе биде Енцо Мареска, поранешен ...
Емотивно беше денес на „Етихад“ во последното 38-мо коло од Премиер лига, каде Манчестер сити загуби од Астон Вила со 2:1. Сепак, резултатот остана во втор план бидејќи ова беше последен натпревар на Пеп Гвардиола на клупата на „граѓаните“. Шпанскиот стратег неодамна потврди дека по крајот на сезоната го напушта клубот, каде помина десет години и освои сè што можеше да се освои. Во еден момент ниту самиот Гвардиола не можеше да ги задржи ...

