Неапол, 21 август 2025 (МИА) - Наполи достави нова понуда до Манчестер јунајтед за напаѓачот Расмус Хојлунд, објави инсајдерот Фабрицио Романо на социјалната мрежа X. Според Романо, 22-годишниот Данец е заинтересиран за трансферот, но сака да добие гаранции за иднината, па затоа смета на повеќе од само позајмица. Преговорите се во тек. Хојлунд има тековен договор до 2028 година. Трансфермаркт ја проценува вредноста на играчот на 35 милиони евра. ...

Попладнево се одржала рунда разговори околу враќањето на Елиф Елмас во Наполи, но не е постигнат договор. Сепак, иако ситуацијата е ставена на „стенд-бај“ ова не значи дека наполитанците се откажале од ангажирање на Дијамантот. Главен приоритет на Наполи сега е пронаоѓање напаѓач кој може да го наследи Ромелу Лукаку, кој ќе биде надвор од терените поради повреда. Македонскиот играч од средниот ред остави впечаток во Неапол и сака да се врати. ...