Тоа што Ивана Стојановска со себе ја зеде и Катја и скокна од балкон, не е отсуство на љубов кон ќерката, туку трагично изобличена перцепција под траума како резултат на долгогодишното насилство од Стојанче Јовановски, утврдиле психијатрите кои го работеле нејзиниот психолошки профил на барање на Обвинителството. Ваквите наоди денеска во завршните зборови ги презентираше обвинителката Адела Бојчевиќ, во предметот каде Стојанче Јовановски е ...
Во судницата во Кривичниот суд, обвинителката Адела Бојчевиќ го кажа завршниот збор со барање максимална казна за обвинетиот Стојанче Јовановски, оценувајќи дека зад предметот не стојат само правни квалификации, туку „два изгубени животи и години страв, контрола и насилство“. Додека ги образложуваше доказите, Бојчевиќ се навраќаше на исказите и на снимките изведени во текот на постапката, кои, како што рече, ја прикажуваат постепената ...

