Македонскиот фудбалски прволигаш Работнички го официјализираше второто засилување за новата сезона и настапот во квалификациите за Конференциската лига. Нов фудбалер на клубот од Дебар маало е Дашмир Елез кој во Скопје доаѓа како слободен фудбалер откако се раздели со косовскиот тим Приштина. Дашмир Елези ги имаше своите почетоци во младинската школа на Шкендија, три сезони играше во првиот тим на актуелниот шампион, а потоа замина во Хрватска, ...

Екипата на Работнички го престави второто засилување во летниот преоден рок, а тоа е Дашмир Елези. Се работи за 20-годишен напаѓач кој важеше за голем талент во мак-фудбалот. Елези потпиша тригодишен договор со Работнички каде дојде како слободен играч. Минатата сезона тој настапуваше за тимот на Приштина, а претходно има играно и за Шкендија и Локомотива од Загреб. Елези треба да биде засилување за Романтичарите во пресрет на квалификациите ...

Фудбалскиот клуб Работнички промовира квалитетно и перспективно засилување за нападот, бидејќи потпис на договор стави Дашмир Елези. 20-годишниот напаѓач по една ипол година се враќа во мак-фудбалот каде што во минатото настапуваше за матичната Шкендија. Минатиот јануари Елези се пресели во Локомотива Загреб, а пред една година направи трансфер во Приштина. Сепак, во Косово не се наметна и сега реши да се врати во ПМФЛ: Работнички го привлече ...