Неверојатно интересен натпревар одиграа африканскиот Мамелоди Сандаунс и Борусија Дортмунд на Светското клупско првенство во САД. На дуелот во Синсинати, Борусија Дортмунд на крај, со пресврт, славеше со 4-3. Мамелоди поведе уште во 11. минута со голот на Рибеиро, но потоа уште пред паузата следеа три гола на „милионерите“, преку Нмеча, Гираси и Белингам за целосен пресврт и водство од 1-3 на полувремето. 33′ @Guirassy_19 puts @BVB ahead! Watch ...

Баерн Минхен повторно би можел да се засили со играч на големиот ривал Борусија Дортмунд, објавува германскиот весник „Билд“. Станува збор за 20-годишното крило Џејми Гитенс, за кого интересот на Баварците се обновил во последните денови. Иако се веруваше дека актуелниот шампион на Германија се откажал од идејата да го доведе англискиот младински репрезентативец, раководството на Баерн повторно стапило во контакт со агентите на играчот, меѓу кои ...